Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Смиле Војданов

Роден е во с. Лактиње, Охридско, на 1 февруари во 1872 година. Учел во Охрид прво и второ оделение, а потоа во манастирот „Св. Пречиста“, Кичевско, каде што покасно работи како ѓакон до 1890 година. Потоа бил учител во родното село, во 1892 година.

Во 1897 година стапил во редовите на ВМОРО, привлечен од Х.Узунов и М.Патчев. Во јули 1902 година влегува во четата на Д.Димитров.

За време на Илинденското востание бил војвода на чета и учествувал во повеќе борби против турскиот аскер и башибозук во Кичевско, пројавувајќи голема храброст и снаодливост. По востанието оди во Бугарија, за во март 1905 година да влезе со чета во Македонија заедно со А.Протогеров, Д.Димитров и Т.Христов.

За време на Првата балканска војна служи во Македонско-одринскиот корпус. По војната заедно со П.Чаулев со 189 четници ја обновуваат револувионерната дејност во Охрид против новата српска власт.

По Првата светска војна емигрира во Америка, во градот Понтијак, каде што бил уредник на весникот „Народна воља„. Во 1931 година станува претседател на ЦК на Македонскиот народен сојуз. Умира на 4 март 1958 година во Понтијак, САД.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik